Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богатите од целиот свет купуваат пасош од оваа островска земја

Богатите од целиот свет купуваат пасош од оваа островска земја

Статусен симбол меѓу богатите во целиот свет е да се има пасош од островска држава што ја сочинува архипелаг во средината на Средоземното Море.

Пасошот на Малта, која е дел од Европската Унија, овозможува безвизно патување во  182 земји.

Од друга страна, Малта не наметнува даноци за приход, подвижен и недвижен имот и наплаќа само 15 отсто данок за парите венесени во земјата.

„Доколку имате јахта и два авиона, следно нешто што ви треба е пасош од Малта“- вели Кристијан Калин, директор на компанијата Henley & Partners.

Малта е една од 10-те земји во светот што им овозможува на странците да купат државјанство, односно да вложат пари и да придонесат за развој на земјата во замена за државјанство.

Пасошот на Малта е поевтин од австрискиот или кипарскиот пасош за скоро еден и пол милион евра и чини само 1,25 милион евра.

Акцијата „Купи пасош“ привлекла најмногу руски богаташи, а Малта донесе повеќе од 700 инвеститори и 960 милиони евра.

Слично

Поврзани вести