Богатите масовно купуваат имоти на Нов Зеланд - која е причината?
Богатите Американци купуваат имоти на Нов Зеланд за да се обезбедат во случај на војна, епидемија, или удар на астероид.
Навалица за имоти има во Нов Зеланд поради страв од непредвидливи околности. Многумина се плашат дека може да дојде и до Трета светска војна.
Некои веруваат дека ова е поради новиот претседател на САД, Доналд Трамп.
Џејмс Камерон прв си купил имот, а статистиката покажува дека во јануари Американци и Австралијанци купиле над 2.000 квадратни километри.
Се работи за имоти кои ќе добијат добра инфраструктура, а куќите ќе бидат отпорни на бомби.
Слично
