Економија, финансии, бизнис

Контакт

Богатите Кинези продолжуваат да бегаат од Кина – Што е причината за масовната имиграција?

Богатите Кинези продолжуваат да бегаат од Кина – Што е причината за масовната имиграција?
Знаат ли богатите Кинези нешто, што останатиот свет не го знае ? Нов извештај покажува дека 64% од милионерите во Кина или емигрирале , или планираат да емигрираат , земајќи си ги парите со нив. САД е нивната омилена дестинација . Извештајот е на Hurun и според него една третина од богатите Кинези , или оние кои располагаат со 16 милиони долари или повеќе , веќе емигрирале . Податоците се спореден знак за одливот на милионери од Кина , каде богатите Кинези бегаат заедно со цели семејства , пишува CNBC . Претходните студии покажаа дека главните причини за ова се дека тие сакаат да обезбедат подобра едукација за децата и да избегаат од загадувањето и пренатрупаноста во урбаните средини . Според аналитичарите , сепак има и друга причина зошто богатите Кинези бегаат од татковината - за да го спасат статусот. Кинеската влада се бори против корупцијата и многу од богатите Кинези кои имаат стекнато пари преку врски или услуги од владата , сакаат да ги спасат парите инвестирајќи ги во средства или места во земји каде што кинеската влада нема да може да им ги земе. Според WealthInsight, богатите Кинези веќе имаат околу 658 милијарди долари во средства надвор од Кина . Според Boston Consulting Group износот е околу 450 милијарди долари , но од консултантската компанија очекуваат тој да се удвои во следните три години. Студија на Bain Consulting покажува дека половина од ултрабогатите Кинези кои имаат над 16 милиони долари , веќе имаат инвестиции во странство . Масовната миграција на милионери од Кина влијаеше сериозно и врз компаниите за луксузни стоки. Според Hurun, продажбата на луксузни стоки во Кина е падната за 15% минатата година, што е најголемо намалување од повеќе од пет години. Трошоците за подароци, кои ги составувале голем дел од продажбите на луксузни стоки , се паднати за 25%. Повеќето милионери кои бегаат од Кина, бараат места каде ќе се сместат за постојано , анализира Hurun . САД е нивната најомилена дестинација. На второ место е Европа , потоа Канада , Австралија , Сингапур и Хонг Конг .   А.А.
Слично

Поврзани вести