Боцвана го развива бизнисот со дијаманти, економијата се буди
Економија која се потпира на експлоатација на дијаманти? Иако звучи малку чудно за македонски услови, во земјите како Боцвана, ова е можно. Во главниот град Габароне, бизнисот почнува да функционира откако по петнаесетина години ископување и продавање „суровина“, сега скапоцените камења се сечат, полираат и продаваат.
Престолнината сега станува една од главните дестинации за глобалните трговци на дијаманти, што секако помага на економијата на оваа сиромашна земја. Град се менува пред очите на жителите, се градат скапи станови и хотели.
Како што пренесоа светските медиуми, сега компаниите што работат со дијаманти градат фабрики бидејќи очекуваат глобалниот гигант кој во светот врши експлоатација, обработката и дистрибуцијата на камењата - Де Бирс да се пресели од Лондон во Габароне.
Според економистите, трговијата на дијаманти во Боцвана се прогнозира да порасне на шест милијарди долари.
Слично
