Економија, финансии, бизнис

Контакт

BNP Paribas ја купува 11-тата најголема полска банка

BNP Paribas ја купува 11-тата најголема полска банка
Француската банкарска групација BNP Paribas се согласила да ја купи полската единица од холандската банка Rabobank - Bank BGZ . Врз основа на договорот, полската банка се проценува на 4,2 милијарди злоти ( 1,4 милијарди долари ) . Ова е последната индикација дека постои консолидација на банкарскиот сектор во Полска . " ВNP Paribas Group и Rabobank Group објавија дека постигнале договор за трансфер на 98,5 % од полската Bank BGZ , оценувајќи ја единицата на 4.2 милијарди полски злоти " , се вели во соопштението на Rabobank . Холандската стопанска банка неодамна беше казнета со 1 милијарда долари во врска со скандалот со манипулацијата на Libor . Од BNP потврдија во изминатиот месец , дека имаат интерес за купување на 11-тата најголема банка во Полска .
Слично

Поврзани вести