BMW ќе гради фабрика во Хрватска?
Хрватска е една од кандидатите за нова BMW фабрика во чија изградба ќе бидат инвестирани милијарда евра, пренесува Јутарни лист.
-Јасно е дека ќе ни бидат потребни уште производни капацитети и сакаме една наша фрабрика да изградиме во источна Европа, изјавил член на BMW Јан Робертсон.
Сепак најголема шанса според медиумите за добивање на оваа инвестиција има Словачка, иако како можни дестинации се споменуваат и Хрватска, Чашка и Словенија.
Сепак BMW пред една година демантираше дека својата нова фабрика ќе ја лоцира во Словачка. Висината на потенцијалната инвестиција на оваа фабрика уште не е позната, но екпсретите проценуваат дека може да биде околи милијарда евра. Како и дека во ваков вид на фабрика ќе бидат вработени неколку илјади работници.
Слично
