БМВ со рекордни продажби
Водечкиот германски производител на автомобили BMW регистрира скок на продажбата во октомври . Баварската компанија има продадено над 165 000 возила од моделите MINI и Rolls-Royce . Тоа претставува 5,2 % скок во однос на истиот период минатата година.
Од почетокот на годината биле продадени вкупно 1,6 милиони автомобили , што е за 7,3 % повеќе во споредба со истиот период минатата година. Значително зголемување на продажбата има во Русија . Од почетокот на годината таму се продадени 36 000 автомобили од овој бренд , што е за 11,6 % повеќе во споредба со 2012 година.
Слично
