БМВ ќе се шири во сегментот на електрични модели
БМВ на саемот на автомобили во Франкфурт ги претстави своите први два продукциски модеи од новата серија „I“.
Иако вљубениците во автомобилите на овој производител не гледаат благонаклонето на трендот на електрификација, компанија нема намера да запре само на овие модели.
Со оглед дека БМВ јасно ги одвои новите модели со алтернативни погонски системи во посебен подбренд, не постои стравување дека оваа компанија ќе загуби од својот препознатлив идентитет и позиција што ја зазема во автоиндустријата.
Сепак, паралелно со производството на луксузни и спортски автомобили на какви сме навикнати, БМВ ќе продолжи да ја проширува гамата на електрични и хибридни модели.
За таа цел, германскиот производител официјално ги заштити ознаките од „i1“ до „i9“. Тоа не значи дека улиците низ светските градови веднаш ќе бидат преплавени со електрични автомобили со знакот на БМВ, туку дека во оваа компанија имаат долгорочна стратегија за развој на овој вид автомобили.
Засега во БМВ единствено признаваат дека електрични СУВ модели се ознаката „i“ не е во план, а автомобилите од другите сегменти и натаму се во игра.
