Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЛУМБЕРГ: УНГАРЦИТЕ НА ПРОТЕСТ, стравуваат од драстичен раст на трошоците

БЛУМБЕРГ: УНГАРЦИТЕ НА ПРОТЕСТ, стравуваат од драстичен раст на трошоците

Популарниот економски медиум „Блумберг“ со свој твит објавуваа дека се одржуваат протести во Унгарија, во кои револтираните граѓани го искажуваат својот гнев кон мерките на Виктор Орбан. 

- Унгарците одржуваат секојдневни протести поради губењето на вредноста на валутата, а заканата од руско прекинување на испораката на природен гас го принудува премиерот Виктор Орбан да ги прифати непопуларните мерки за штедење - пишува во нивниот твит.


Како што објавува „Блумберг“ на својата веб страна демонстрантите го окупирале мостот во Будимпешта доцна во петокот, а за вечерва е планиран уште еден митинг во главниот град. Демонстрантите секојдневно ги блокираа мостовите откако владата во вторникот ги откри даночните зголемувања за стотици илјади Унгарци.

- Почнувајќи од следниот месец, милиони луѓе може да се соочат со голем пораст на цената на гасот и електричната енергија што ќе ја надмине просечната потрошувачка - пишува Блумберг.

Фото: Принскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести