Економија, финансии, бизнис

Контакт

Блумберг „по грешка“ објави наслов дека Русија ја нападна Украина

Блумберг „по грешка“ објави наслов дека Русија ја нападна Украина

Американската агенција Блумберг вчера на својата веб-страница објави наслов „Русија ја нападна Украина“, што предизвика шок во медиумите, а набргу потоа објавата беше избришана, по што глобално влијателниот медиумот излезе со соопштение дека веста е објавена по грешка.

„Подготвуваме наслови за различни сценарија и насловот „Русија ја нападна Украина“ беше случајно објавен на нашата веб-страница околу 16:00 часот во Источна временска зона (EST). Длабоко жалиме за грешката“, беше посочено во соопштението.

Понатаму се вели дека раководството на агенцијата ја разјаснува причината за тоа што точно се случило.


Слично

Поврзани вести