Bloomberg: Русија е подготвена на еднострани удари против „Исламската држава“ во Сирија
Можно е Русија да нанесе воздушни напади против „Исламската држава“ во Сирија, без претходно да се координира со меѓународната коалиција. Ова може да се случи, ако Соединетите Американски Држави не го прифаќаат претседателот Башар Асад како дел од Унијата, соопштува „Bloomberg“, повикувајќи се на близок извор од Кремљ.
Според агенцијата Путин преферирал САД и нивните сојузници да се согласат да ги координираат активностите против „Исламската држава“ со Русија, Иран и сириската армија. Агенцијата се повикува на тема извор близок до Кремљ и советник на Министерството за одбрана во Москва.
Друг извор за „Bloomberg“ изјавил дека предлогот на Путин бил да се оди паралелно со заеднички воени дејствија и со политичкa транзиција без учество на претседателот Башар Асад, што е клучно барање на САД. Според агенцијата Путин веќе испрати предлог до САД. Еден од изворите сепак изјавил дека рускиот претседател бил разочаран од неподготвеноста од американската страна да одговори на неговиот предлог и бил подготвен да дејствува сам во Сирија, ако е потребно.
Во меѓувреме сепак САД веќе изразија подготвеност да го координираат со Москва бомбардирањето на позициите на екстремистите, за да биде минимизирана опасноста од инциденти со руски авиони. Сеуште Вашингтон не добил конкретен предлог од руска страна, тврди извор на „Bloomberg“.
Пред неколку дена Русија го повика САД да соработуваат со армијата во Сирија за да се избегнат „несакани инциденти“. „Financial Times“ потсетува дека Москва го зголемува военото присуство во над 4-годишна граѓанска војна со образложение дека Русија ќе им помага во борбата со „Исламската држава“.
Потезите на Путин во Сирија се гледаат со сомневање во западните престолнини. Руските специјални сили одамна работат на сириска територија, но зајакнувањето на военото присуство во регионот е јасен знак дека Кремљ си дава дополнителни можности. „Сирија таква каква што ја знаеме, веќе не постои, а предизвикот сега е да се минимизира опасноста од оваа ситуација за секој“, коментирал друг извор, кој побарал анонимност.
Набљудувачите во Либан, Израел и Русија посочуваат дека Москва ја модернизира својата помош за сирискиот режим и значително го зајакнува своето присуство на средоземноморското крајбрежје. Според Израел, Русија работи на нова воздухопловна база во Латакија и во последните месеци испратила дополнителна работна сила и нови, пософистицирани оружја.
Претседателот на САД, Барак Обама, тврди дека нема да ја менува стратегијата за борбата со исламските милитанти. Војната во Сирија доведе до смртта на над 250 илјади луѓе, а околу половина од населението на земјата ги напушти своите домови во потрага по спас.
