Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЛОКИРАНИТЕ ГРАНИЦИ, ЗИМАТА И СТУДОТ го намалија бегалскиот поток кон Германија

БЛОКИРАНИТЕ ГРАНИЦИ, ЗИМАТА И СТУДОТ го намалија бегалскиот поток кон Германија

Протокот на бегалци кон Германија е намален нагло во последниве недели. Минатата среда во земјата пристигнале 50% помалку бегалци од неделата пред тоа - само 3567, соопшти министерот за внатрешни работи на Германија, Томас де Мезиер на средба со колегите од германските покраини.

Причината за ова сериозно намалување на бегалскиот прилив е зимното време и бурите во Егејското Море, но веројатно и затегнувањето на контролата на турската граница, објасни Томас де Мезиер. Мезиер ги предупредил колегите дека не треба да го прифатат намалувањето за постојан тренд, туку треба да се работи во насока тоа да остане ваква ситуацијата, соопштува „24 часа“.

На конференцијата на министрите за внатрешни работи беше договорено Германија да ги заостри правилата за давање статус на бегалец и за Сиријците, откако во последната година за нив важат поинакви правила.

Тие требаше само да пополнуваат анкета со причината за бегството од татковината. Германските миграциски служби сепак во иднина ќе го интервјуираат секој кандидат за бегалски статус, за да проценат дали нема злоупотреба на идентитет.

Предвидениот број од 800 000 бегалци во Германија за оваа година веќе е надминат и официјално се регистрирани 950 000 бегалци. До Божиќ се очекува бројакта да надмине еден милион.

Слично

Поврзани вести