Економија, финансии, бизнис

Контакт

Блокирана македонско-грчката граница поради скапата нафта

Блокирана македонско-грчката граница поради скапата нафта
Жители на Лерин денеска ја блокираа денеска македонската граница, како резултат на револт поради превисоката цена на грчката нафта за домаќинство. Тие во од 11 до 14 часот по локално време го затворија патот кон граничниот пункт Ники, но според најавите на секој час требаше да бидат пропуштани возилата кои се затекнаа на преминот.

Како што изјавија пред медиумите насобраните демонстранти, дека нивните дејствија се симболични и немаат за цел да создаваат проблеми на граѓаните, туку да испратат порака кон власта. На протестот учествуваат и трговци на гориво. Жителите на Лерин и Костур за утре најавија протести и во Атина поради се повисоките цени на нафтата кои силно ќе се одразат на нивниот буџет во текот на зимата.

Слично

Поврзани вести