Економија, финансии, бизнис

Контакт

Близу Москва убиени петмина моторџии

Близу Москва убиени петмина моторџии

Во околината на Москва се убиени петмина моторџии, а по неколку часа полицијата го приведе напаѓачот, кој  ја признал вината.

Нападот е извршен кај напуштена пиварница во Еворевскиот регион, во околината на руската престолина. Напаѓачот пукал врз петмината моторџии со карабина Сајга. Сведоци на убиството биле две жени кои биле со моторџиите. Постојат сомненија дека напаѓачот од минатото имал нерасчистени сметки со моторџиите и дека нападот  бил добро испланиран. Се смета дека петмината моторџии требало да учествуваат на едно моторџиско собирање недалеку од местото на злостроството. На тоа собирање требало да земат учество стотици моторџии.

Слично

Поврзани вести