Економија, финансии, бизнис

Контакт

Близу либискиот брег спасени од давење 2000 мигранти

Близу либискиот брег спасени од давење 2000 мигранти

Во близина на либискиот брег во Медитеранот, италијанската крајбрежна стража спаси околу 2.000 мигранти, јави „Танјуг“.

„Крајбрежната стража координирала 15 спасувачки операции. Во нив се спасени околу 2.000 мигранти и тие сега се наоѓаат на безбедно“ - се наведува во соопштението на италијанската крајбрежна стража.

Агенцијата на ОН за бегалци проценува дека од почетокот на годината во Италија пристигнале повеќе од 48.000 мигранти во потрага за подобар живот во Европа.

Во октомври 2013 година, кога 366 мигранти загинаа во близина на бреговите на Лампедуза,  италијански остров на 100 километри од Тунис, лидерите од ЕУ ветија дека никогаш повеќе нема да дозволат таква трагедија.

Централниот Медитеран оттогаш има спасувачки екипи, првенствено од Италија, а потоа и од други европски држави, кои досега успеаја да ги спасат животите на стотици илјади луѓе.

Слично

Поврзани вести