Економија, финансии, бизнис

Контакт

Близу Каиро ќе се гради вториот Дубаи

Близу Каиро ќе се гради вториот Дубаи
Египет планира да го изгради вториот Дубаи кој ќе претставува нов „административен главен град“ на државата и ќе се наоѓа 45 километри источно од Каиро. Новиот град ќе има плоштина од 700 квадратни километри и ќе се поврзува со Каиро со модерна железница. Територијата на која ќе се гради моментално е пустина, но за пет до седум години ќе можат да се населат првите жители. Ќе бидат изградени државни објекти, парламент, претседателска палата, дипломатски кварт, а градот ќе има и сопствен аеродром, парк со големина на четири “Дизниленди” и хотел облакодер. Целта на изградбата на нов град е да се намали пренаселеноста на Каиро и за да се намали сиромаштијата во државата.  
 
Слично

Поврзани вести