Близу 700 000 слободни работни места во Германија: Какви кадри бараат?
Бројот на слободни работни места во најголемата европска економија, Германија, достигна рекордни 691 000, покажуваат податоците.
Посебна потреба за дополнителни работници е забележана во секторите на социјалната заштита, малопродажбата и подготовка и достава на храна, како и во градежната индустрија, рекол главниот економист Јерг Којнер.
Во владата очекуваат бројот на вработени оваа година во Германија да достигне рекордни 43,6 милиони, а следната 44 милиони.
Германија оваа и минатата година регистрираше доаѓање на повеќе од милион странци, пред се од земјите зафатени од војна како Сирија, Ирак и Авганистан.
Владата и сојузните држави во оваа година издвоиле повеќе од 20 милијарди евра за нивно сместување и интеграција.
