Блиски до Марин Ле Пен се во „Документите на Панама“, Германија проверува 28 локални банки
Дел од најдоверливите луѓе на лидерот на француската крајнодесничарска партија „Национален фронт“ Марин Ле Пен фигурираат во „панамските документи“, соопшти „Франс прес“, повикувајќи се на францускиот весник „Le Monde“.
Во меѓувреме Германија проверува 28 локални банки, вмешани во оф-шор скандалот.
Меѓу блиските до Марин Ле Пен луѓе кои фигурираат во „панамските документи“ се бизнисменот Фредерик Шатион и финансискиот експерт Никола Кроше.
„Тоа се лица блиски до лидерот на „Национален фронт“, тврди „Le Monde“.
Весникот раскажува уште дека наведените луѓе организирале сложена офшор шема за превод на парични средства од Франција во Хонгконг, Сингапур, Девствените острови и Панама.
Во меѓувреме Федерално управување за финансискиот надзор на Германија има намера да започне проверка на сите германски банки поврзани со компании кои давале помош за регистрација во офшорки.
Регулаторот веќе ги испратил соодветните барања на голем број финансиски институции во Германија.
Откако во понеделникот беше соопштено од „Зидојче Цајтунг“, дека најмалку 28 германски банки ги користеле услугите на панамската компанија „Мосак Фонсека“, која обезбедувала правна поддршка за регистрирање на фирми во офшор зони. Меѓу овие банки се и „Дојче банк“ и „Комерцбанк“.
Германските банки управувале со повеќе од 1.200 офшор компании.
Од „панамските документи“ станува јасно дека до 2007 година „Дојче банк“ формира најмалку 400 офшор компании.
Обвинителството во Минхен соопшти дека го проверува учеството на „Сименс“ и баварската банка „Баерн ЛБ" (BayernLB) во создавање на офшор компании кои фигурираат во „панамските документи“.
