БЛИСКА СРЕДБА: Американски авион побегнал од руски ловци
Тензиите меѓу западните земји и Русија околу Украина повторно ги заладија односите речиси на нивото од Студената војна. Во серијата предупредувачки инциденти последниот се случил кога американски шпионски авион успеал во последен момент да им избега на руските авиони-ловци, преминувајќи во воздушниот простор на Шведска.
„Пилотот на авионот, реагирајќи професионално, изведе маневар и избегна средба со руските авиони“, потврди Европската команда на американските вооружени сили.
Инцидентот се случил на 18 јули, додека американскиот авион ја следел комуникацијата на руските оружени сили околу Калининград, во рамките на пошироката операција на извидувачки летови околу Русија.
Шведските медиуми наведуваат дека авионот RC-135 ги избегнал руските-ловци со бегство во шведскиот воздушен простор кај Готланд. Во последните неколку месеци се забележани неколку слични „блиски средби“, меѓу американските и руските оружени сили во Европа, што е само доказ за растечки тензии меѓу Вашингтон и Москва.
Слично
