Економија, финансии, бизнис

Контакт

Блинкен вели дека војната во Украина може да трае до крајот на годината

Блинкен вели дека војната во Украина може да трае до крајот на годината

Војната е далеку од завршена, Украина се подготвува за следната фаза, вели 

американскиот државен секретар Ентони Блинкен. 

Тој оцени дека војната и натаму ќе трае и покрај повлекувањето на руските војници од околината на украинската престолнина Киев. Тој кажа дека САД, нивните сојузници и партнери мора да ја зголемат воената помош, а Украина, како што наведе, се подготвува за следната фаза од борбата за својата слобода и иднина.

„Русија ги прераспоредува своите сили за да продолжи со нападите во источна и јужна Украина“, изјави Блинкен, цитиран од „Гласот на Америка на руски јазик“.

Според него, војната може да трае цела 2022 година. Претходно, имаше и прогнози дека војната може да трае со години. Русија на 24 февруари ја започна инвазијата на Украина, а сега се концентрира на Донбас. 

САД ја разгледуваат можноста висок претставник да го посети Киев, во знак на солидарност со Украина, објавија дел од американските медиуми повикувајќи се на неименуван владин извор. Потенцијални кандидати за посета на Киев се американскиот државен секретар Ентони Блинкен или министерот за одбрана Лојд Остин. Досега во посета на Киев беа повеќе политичари од Европа.

Слично

Поврзани вести