Блинкен вели дека Украинците имаат план што понатаму дури и ако Русите го убијат Зеленски
Американскиот шеф на дипломатијата, Антони Блинкен за Си-Би-Ес изјави дека Украинците имаат план за континуитет на власта дури и ако претседателот Влодомир Зеленски биде убиен.
Не сакаше да открива детали на што точно мисли, но го пофали начинот на кој Зеленски ја води Украина низ кризата.
„Лидерството што го покажа Зеленски и целата негова влада е исклучително. Тие го отелотворија неверојатно храбриот украински народ“, рече Блинкен.
фото Твитер
Слично
