Блинкен: Сите опции на маса за да се спречи Иран да добие нуклеарно оружје
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека сите опции се на маса за да се спречи Иран да добие нуклеарно оружје.
Блинкен, пред да замине од Каиро за Ерусалим, за „Ал Арабија“ посочи дека Иран го отфрлил сегашниот предлог за враќање на нуклеарниот договор, додавајќи дека Вашингтон се уште верува дека дипломатијата е најефективниот начин за решавање на иранското нуклеарно прашање, пренесува „РТВ.рс“.
Шефот на американската дипломатија рече дека САД му даваат поддршка на иранскиот народ и дека одлуката за „промена на режимот“ е исклучиво на граѓаните на таа земја.
„Иранскиот режим го убедува народот дека САД сакаат промена на режимот“, рече Блинкен, тврдејќи дека Вашингтон ги казнил со санкции сите одговорни за репресијата во Иран.
Тој исто така рече дека Иран ја поддржува Русија во војната против Украина и дека Техеран испраќа беспилотни летала и друго оружје во Москва.
