Економија, финансии, бизнис

Контакт

Блинкен и Остин - први американски претставници кои го посетија Киев

Блинкен и Остин - први американски претставници кои го посетија Киев

Aмериканскиот државен секретар Ентони Блинкен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин се првите политички претставници на САД од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари кои имаа средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Денес, украинскиот народ е обединет и силен, а украинско-американското пријателство и партнерство се посилни од кога било! објави потоа Зеленски на Твитер.

Блинкен и Остин најавија дека Вашингтон ќе обезбеди 713 милиони американски долари дополнително воено финансирање на 16 европски земји од регионот, од кои повеќе од 322 милиони долари за Украина.

Претходно, помошникот на претседателот, Алексеј Арестович, говорејќи во интервју на Јутјуб, потврди дека средбата продолжува и го повтори повикот на Украина за потреба од офанзивно оружје.

– Тие немаше да дојдат овде ако не беа подготвени да дадат (оружје), изјави тој за високи американски претставници кои се во посета на Украина.

Во саботата, Зеленски рече дека е благодарен за досегашната помош на Вашингтон за Украина, иако сака да употреби потешко и помоќно оружје против руските сили. ссм/


Слично

Поврзани вести