„Благодарност до родителите на моите вработени“
Како „Пепси“ гради цврсти односи со своите вработени? Извршната директорка на овој гигант Индра Ноји за време на Светскиот економски форум во Давос ја откри својата тактика - им пишува писма на родителите на вработените во компанијата.
Во писмата до родителите на своите клучни соработници таа им се заблагодарува за „одличното воспитување на нивното дете“.
„Во еден момент се сетив дека никогаш не им сум се заблагодарила на родителите на луѓето кои работат за мене за одличната работа што ја завршиле во подигањето на своите деца, кои сега одлично придонесуваат во компанијата“, објаснува Ноји, која верува дека блиските односи со семејството се клучен фактор и за нејзиниот успех.
Инаку, тактиката за поврзување со вработените преку нивните родители ја користат и други компании, како што се Гугл и Линкедин, кои секоја година организираат посебен ден со мото „Доведете ги вашите родители на работа“.
Слично
