Економија, финансии, бизнис

Контакт

Благ пораст на бројот на починати од ковид 19 во светот

Благ пораст на бројот на починати од ковид 19 во светот

По пет недели во кои бројот на починати од Ковид-19 во светот се намалуваше, ситуацијата се менува, па во последната седмица бројот на починати е за четири отсто поголем од една недела претходно, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

Според овие податоци, во светот од 6 до 15 јуни починале 8.700 луѓе. Во исто време, регистрирани се 3,2 милиони заболени, што е бројка слична на оние од претходните недели.

На регионално ниво, пораст на бројот на заразени е регистриран во регионот на Источниот Медитеран, Североисточна Азија и Америка. Бројот на починати исто така се зголеми во Америка и Западниот Пацифик.

Вкупно, од Ковид-19 досега се заболеле над 533 милиони луѓе, додека над 6,3 милиони починале.

Во моментов најголем број заразени се регистрирани во САД (743.723), Кина (501.146) и Германија (281.706). Најголем број на смртни случаи минатата недела имаше и во САД (2.367), Кина (1.201) и Бразил (989).

СЗО, исто така, предупредува дека овие податоци мора да се земаат со претпазливост, имајќи предвид дека голем број земји имаат ограничено тестирање на Ковид-19, што влијае и на бројот на регистрирани случаи.

Слично

Поврзани вести