BlackRock: Еврото може да го нема по 10 години
Еврото е ставено под ризик од исчезнување во рамките на една деценија , ако Франција не продолжи со економските реформи, изјави главниот извршен директор и претседател на BlackRock Capital, Лери Финк пред CNBC .
Финк изразил загриженост за состојбата на една од најголемите европски економии за време на конференцијата организирана од New York Time , споменувајќи го неодамнешното намалување на рејтингот на земјата од страна на Standard & Poor's .
"Не мислам дека по 10 години еврото ќе го има , ако немаме силна Франција и силна Германија ", вели Финк во интервју за CNBC .
"Сè зависи од две многу силни страни , а конкурентноста на Франција продолжува да се влошува“.
Слично
