BlackBerry очекува милионски загуби
„BlackBerry“ ги објави прелиминарните резултати за работењето за својот втор фискален квартал од оваа година.
Резултатите изгледаат многу лошо,бидејки компанијата очекува загуба од 950 до 995 милиони долари со приходи од 1,6 милијарди долари, по што најавија промени во стратегијата на продажбата на сите мобилни телефони.
Според новата стратегија тие првично ќе се насочат кон деловните корисници, со признание дека нивните мобилни телефони не можат да бидат достојна конкуренција на паметните телефони кои во моментов се хит на пазарот.
Компанијата, исто така, ќе го намали и бројот на уреди во понудата од шест на четири, два модели ќе бидат поскапа, а другите два ќе бидат поевтина варијанта.
Компанијата испорачала вкупно 3,7 милиони мобилни телефони, но меѓу овие уреди голем е бројот на старите уреди кои претходно беа пласирани на пазарот.
Со најавата за отпуштање на 25 проценти од вработените компанијата сака да ги намали оперативните трошоци на работењето за 50 проценти до првиот квартал од 2015 година.
Слично
