Бизнисмените од Велика Британија не сакаат излез од ЕУ
Британските бизнисмени не сакаат отцепување на земјата од ЕУ, според нив оние кои се залагаат за отцепување на Велика Британија од ЕУ даваат приоритет на штета на стопанството, стои во писмо објавено во весникот “Индипендент”.
Бизнисмените исто така побараа реформи и го повикаа премиерот Дејвид Камерон да ја заштити економијата од состојбата во ЕУ.
“Економската оправданост на членството во ЕУ е огромна. Членството вреди меѓу 31 милијарди долари и 92 милијарди фунти годишно, помеѓу 1200 и 3500 фунти за секое домаќинство “, се вели во писмото.
Слично
