Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнисмените ја губат довербата во Латинска Америка

Бизнисмените ја губат довербата во Латинска Америка
Економистите, инвеститорите и деловните луѓе постепено почнаа да губат доверба во Латинска Америка, поради бавниот раст на стопанството на земјите од тој регион. Намалената цена на суровините и силните валути нанесоа огромна штета на земјите на Латинска Америка, кои не успеаја да се диверзификуваат и да станат многу поконкурентни, пишува њујоршката агенција Блумберг. Пет земји во тој регион со највисок инвестициски степен, кои се магнети за странскиот капитал, забележаа раст под очекувањата или покажуваат знаци на слабост. БДП на Мексико, според истражувањето на Блумберг, бил под очекувањата, додека економистите кои оваа недела ги анкетираше централната банка на Бразил ја намалија прогнозата за раст на бразилското стопанство за 2013 година, втор пат во последната недела, прогнозирајќи најлош годишен период во последната деценија.
Слично

Поврзани вести