Бизнисмен кој беше пријател на Путин е најден мртов во стан во Москва
Уште едно лице кое беше пријател на рускиот претседател Владимир Путин мистериозно почина.
Игор Кудрјаков (64) е пронајден мртов во својот стан во главниот град Москва. На телото немало траги на насилство. Кудрјаков основал услуга за испорака на храна и други стоки во главниот град на Русија. Компанијата подоцна ја купил производителот на додатоци во исхраната ВИП Груп, а Кудрјаков заработил 15 милиони долари. Подоцна, тој работеше како прв заменик-шеф на Одделот за Државниот инспекторат за домување на Московскиот регион. Прелиминарните податоци велат дека причина за смртта на бизнисменот е онколошка болест, јави ТАСС. Претходно, бизнисмени, воени лица загинаа под сомнителни околности.
Слично
