Бизнисмен и целата фамилија загинаa со авион
Угледниот британски бизнисмен Ричард Казинс загина во авионската несреќа која се случи во Австралија. Во приватниот авион покрај Казинс се наоѓале и неговата вереница нејзината ќерка и двата негови синови.
Ричард Казинс беше генерален извршен директор на интернационалната кетеринг компанија Compass Group, а од позицијата требаше да се повлече во март годинава.
58 годишниот бизнисмен Казинс и неговото семејство патувале со мал авион на компанијата Sydney Seaplanes, кој се урна во реката Хаксбери.
Телата се пронајдени и се води истрага за точните причини за авионската несреќа. Авионот го управувал пилотот Герет Морган од туристичкиот оператор Sydney Seaplanes.
Слично
