Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЗНИС СИ Е БИЗНИС: Американска компанија купува руски ракетни мотори за милијарда долари

БИЗНИС СИ Е БИЗНИС: Американска компанија купува руски ракетни мотори за милијарда долари
Рускиот производител „Енергомаш“ ќе и испорача 60 нови ракетни потори „РД – 181“ на американската компанија „Орбитал сајанс“, пренесува денес весникот „Известија“. „Договорот за испорака на 20 ракетни мотори веќе е потпишан“, истакнал директорот на „Енергомаш“, Владимир Солнцев. Тој додава дека дополнително се потпишани уште два договори, и секој се однесува на дополнителни 20 ракетни мотори. „Постои цврст договор за 20 мотори и веќе почнавме да го исполнуваме. Првите два мотори треба да ги испорачаме во јуни“, истакнува Солнцев. „Енергомаш“, еден од водечките производители на ракетни мотори во светот, ги добил сите неопходни државни дозволи за извоз на мотори во САД, пренесува „Тас“. Солнцев рекол дека во договорот било прецизирано моторите „РД – 181“ да не може да се употребуваат во воени програми, односно за лансирање на воени летала. Договорот е вреден околу една милијарда долари и предвидува изработка и достава на 60 мотори. Тој покрај изработката и доставата предвидува и обука за летање , инсталирање и извршување тестирања. Солнцев рекол дека договорот е фокусиран на соработка во периодот од 15 до 25 години. Моторите „РД – 181“ ќе бидат користени во првата фаза на лет на ракетата „антарес“, која ја произведува компанијата „Орбитал сајанс“.    
Слично

Поврзани вести