Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЗНИС КОЈ И НОСИ ПАРИ: Колку заработува Британската кралица од коњските трки?

БИЗНИС КОЈ И НОСИ ПАРИ: Колку заработува Британската кралица од коњските трки?

Британската кралица Елизабета II заработила над 6,7 милиони фунти (околу 8,8 милиони долари) од награди од коњски трки во последните 3 децении. 

Ова го покажале информации од британските служби за трки, објави Си-Ен-Ен.

Коњите на кралицата имаат освоено 451 победи од 2815 трки од 1988 година, што и носи 15,9% профит.

Минатата година е една од најуспешните за нејзино кралско височество со децении, со приходи од награди во вредност од 557 650 фунти.

А 2017 година исто така е добра, со 20 победи, носејќи и 413 641 фунти приход досега.

Така 91-годишната кралица се покажува како 11-иот најпрофитабилен сопственик на тркачки коњи во овој 30-годишен период.

Уште кога била 4-годишна кралица добила пони, а од мала ги сака коњите. Елизабет II е одличен јавач, кој често учествува во разни официјални коњски церемонии. 

Слично

Поврзани вести