Бизнис кој цвета во САД, а кај нас е сè уште непознат
Во последно време во САД процветал бизнис за изнајмување на гуми со можности за откуп, налик на лизинг. Имено, Американците сè уште ја чувствуваат економската криза, па многу од нив не можат да добијат кредит во банка или да влезат во минус за да си купат нов комплет автомобилски гуми.
Ланецот на изнајмувачи на гуми на такви граѓани им нуди на изглед поволни услови за изнајмување, а потоа и нивен откуп.
Примарно, ланецот Rent-N-Roll започнал од фамилија која немала средства да купи четири нови гуми за својот Dodge Caravan, па понудила да во идните 18 месеци за гумите да плаќаат по 54,60 долари месечно, што подоцна износот изнесува 982 долари. Тој износ изнесува скоро 3 пати повеќе од цената на сет гуму во Wal-Mart, но Дон и Флоренс Шери немале избор.
"Кога работите и живеете од плата до плата опциите ви се лимитирани. Овие гуми ни требаа, па макар и по било која цена", рекла Флоренс.
Сепак, проблемот настанува ако клиените не се во сотојба да ја исплатат месечната или неделната рата, изнајмувачите доаѓаат и без око да им трепне ги вадат тркалата и гумите од автомобилот. За ова имаат и законска поддршка.
И покрај сè, бизнисот цвета. Тоа е млада индустрија, но има голем потенцијал. Сега овој ланец има 89 компании од кои 13 во Калифорнија, а има планови масивно да се прошири на големот американски пазар.
Слично
