„Бизнис Инсајдер“: Еве ги националностите на загинатите во соборениот малезиски авион MH17
Малезиски Ерлајнс авион MH17 беше соборен над источна Украина вчера, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.
Авионот, кој летал на релација Амстердам - Куала Лумпур, превезувал пред се холандски граѓани, како и граѓани од девет други земји.
И покрај тоа што беше првично објавено дека 23 Американци биле во авионот, тие бројки сега се невистинити, пишува Бизнис Инсајдер.
Еве ги националностите кои Малезија ерлајнс ги потврди:
Холандија: 189
Малезија: 44 (вклучувајќи ги и 15-те членови на екипажот и две деца)
Австралија: 27
Индонезија: 12 (вклучувајќи едно дете)
Обединето Кралство: 9
Германија: 4
Белгија: 4
Филипини: 3
Канада: 1
Нов Зеланд: 1
Непотврдени националности: 4
Слично
