Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЗНИС ГЕНИЈАЛЕЦ – 15-годишник направи 100.000 долари на биткоин!

БИЗНИС ГЕНИЈАЛЕЦ – 15-годишник направи 100.000 долари на биткоин!
Добиените 1.000 долари од неговата баба, 15-годишниот Ерик Финман ги искористил за да инвестира во виртуелната валута „биткоин“ во 2012 година и до денес заработил околу 100.000 долари. Тој веќе направил план како да го инвестира и ова мало богатство - почнува едукативна стартап компанија Botangle.com, на која ќе нуди онлајн подучување. На сервисот, наменет пред се за средно образование како надополнување на редовната настава, тој веќе има 20 подучувачи и стотина корисници. „Сакав да ја донесам убавината и отвореноста на интернет за луѓето како мене да можат да добиат пристап до подобро образование, без разлика дали се од руралното Ајдахо, Њујорк или дури Африка“, вели вистинскиот генијалец Ерик. Тој признава дека и самиот користи дел од курсевите што ги нуди неговиот сервис за да си го надополни сопственото знаење.
Слично

Поврзани вести