Бизарно видео: Прегазен елен се обиде да влезе на возачкото седиште
Бизарен инцидент се случи во сојузната држава Њу Џерси, снимен од патролно возило на полицијата. Жена откако удрила елен на патот застанала за да ја провери штетата на џипот, како и да види дали еленот починал од ударот. Наместо тоа, еленот се затрчал кон отворената врата во обид да влезе внатре во џипот и да ја нападне жената.
Полицијата во тој момент пристигнува на местото на несреќата, а жената успева да го одбие еленот здобивајќи се со мали телесни повреди. Потоа од ударот на џипот еленот починал.
Слично
