Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЗАРЕН ПЛАН НА НАПАЃАЧОТ: Со лажен профил на Фејсбук ги викал жртвите на бесплатен оброк

БИЗАРЕН ПЛАН НА НАПАЃАЧОТ: Со лажен профил на Фејсбук ги викал жртвите на бесплатен оброк

Постојат инсинуации дека напаѓачот од Минхен отворил лажен профил на Фејсбук кој гласел на женско име од кој ги повикувал луѓето во што поголем број да дојдат во ресторанот за брза храна на Мекдоналд каде ќе им плати ручек.

Според последните информации, тој направил лажен фејсбук профил и ги повикал луѓето на бесплатна храна во петок во 16 часот пред еден ресторан.

fejsbuk-status-terorista-mihnen-foto-facebook-1469270356-954997

Профилот веднаш после нападот е затворен, што предизвикало додатно сомнение дека така ги намамил своите жртви.

„Дојдете денес во 16 часот на бесплатна храна. Јас ве честам, но немојте да биде прескапо“, гласи статусот за кој има сомневања дека го напишал 18-годишниот напаѓач.

Како што пишуваат германските медиуми, тој пред самиот напад рекол дека го злостаувувале седум години, а полицијата во истрагата откри дека бил психијатарски пациент

Слично

Поврзани вести