Економија, финансии, бизнис

Контакт

Биткоинот полуде!

Биткоинот полуде!
Електронската валута , започнува многу да личи на " лудилото на лалињата" во Холандија пред многу векови . Измислената валута , која достигна рекордно високо ниво од 500 долари на крајот на минатата недела , продолжи со ненормалното зголемување и денеска ја достигна следната психолошка граница од 600 долари. Не е сигурен интересот кон ова чудо - спој помеѓу технологијата и модерниот финансиски свет , а и темпото и краткиот период во кој таа валута поскапува . Последното многу наликува на развојот на балоните, иако и тука работите се случуваат во пократки рокови , што во голема мера е поврзано и со суштината на биткоин . Вредноста на валутата , изразена во долари , се зголеми од 13 долари на почетокот на годината до 190 долари во април , по што се намали до ниво малку под 100 долари. Од почетокот на годината таа поскапе за над 40 пати.
Слично

Поврзани вести