Економија, финансии, бизнис

Контакт

Биткоин, лајткоин, алфакоин, фаскоин, пирсоин… не се лекови, туку виртуелни валути за инвестиции

Биткоин, лајткоин, алфакоин, фаскоин, пирсоин… не се лекови, туку виртуелни валути за инвестиции
Виртуелните пари се се популарни, а биткоинот и лајткоинот се валути со кои се склопуваат сериозни бизниси, наведуваат финансиските експерти, пишува српски Блиц. До неодамна за биткоин многу малку се знаеше. Сега, за биткоини почнаа да се склопуваат големи работи, дури и да се купуваат компании. Освен тоа, редовно расте и списокот на претпријатија кои ја прифаќаат оваа валута за плаќање на добра и услуги. Но, тие валута, меѓутоа, не се со ништо поткрепени. Не постои нивни центар на управување - работат автономно и се потчинуваат само на одредени алгоритми. Во виртуелниот простор е потешко да се набават монети и повеќе напори треба да се вложат за да се збогатиш. Добрата страна на биткоинот е тоа што он веќе е проверена валута, има голем шпекулативен курс и големи очекувања. Ако сте ја набавиле таа монета можета да ја продадете многу скапо, објаснуваат економските аналитичари. Од новите виртуелни валути во последно време меѓу лидерите избива лајткоинот, бидејќи трансакциите со него моажт да се вршат четири пати побрзо отколку со биткоинот. Инвеститорите веќе говорат за конкуренција и можна заработка. Сепак, ефективноста на биткоинот е поголема. Обемот на обрт им е различен. Биткоин го има овој показател на ниво од 12 милијарди долари, а лајтокин 177 милиони.  
Слично

Поврзани вести