БИТКА ЗА ЗМИСКИОТ ОСТРОВ-УКРАИНЦИТЕ НАПАЃААТ СО СУХОИ И ДРОНОВИ: Русите тврдат-„спречивме десант“
Змискиот остров
моментално е во фокусот и на Русите и на Украинците кои жестоко се борат за ова
парче земја во Црното Море, употребувајчи ПВО системи, бродови, борбени авиони.
Инаку овој остров е предмет на спор меѓу Романија и Украина, кои и двете го поседуваат, а сега во играта се приклучи и трет актер, Русија.
За Змискиот остров не се слушаше во Украина речиси два месеци, додека украинската морнарица не се впушти во офанзивни мисии за напад на руската инфраструктура на самиот остров.
Од правец на Одеса беа испратени првите борбени беспилотни летала Бајрактер ТБ-2, кои најпрво со проектили ги згаснаа позициите на ПВО на островот, како и артилериските ракетни системи Стрела 10, ЗСУ 23/4 и ТОР-М2, а потоаследувал и напад на брзите патролни чамци од класата Раптор.
Украинската морнарица од Одеса кон Змискиот остров упатила два борбени авиони Су-27, еден МиГ-29, како и три беспилотни летала Бајрактар и три хеликоптери Ми 8. Освен тоа, два глисери испловиле од морето.
Министерството за одбрана на Руската Федерација, соопшти дека руската армија уништила два авиони Су-24, еден борбен хеликоптер Ми-24 и еден беспилотно летало Бајрактар во регионот на Одеса.
ФОТО: Твитер