БИТКА ЗА КИЕВ, ЗАЗЕМЕНА НУКЛЕАРКАТА ВО ЧЕРНОБИЛ, 137 ЗАГИНАТИ ВОЈНИЦИ И ЦИВИЛИ: Очајнички повици на Зеленски до Западот-сами се браниме
Во Киев одекнуваат експлозии од 4.30 часот по
локално време. Советник на украинската влада вели дека руски авион бил соборен
и дека биле спречени неколку ракетни напади. Во запалените згради има
повредени. Украинскиот претседател ги потврди информациите за руски ракетни
напади во Киев.
Од вчера се водат жестоки битки. Руските сили напаѓаат од повеќе правци, а ги поддржуваат сепаратистите и Белорусија. Проектили паѓаат врз украинските градови, се слушаат сирени, а голем број луѓе ги напуштаат градовите.
КЛУЧНИ НАСТАНИ: Што се случи досега?
Втор ден од руската инвазија на Украина. Во повеќе градови се водат жестоки борби
Силни експлозии се слушнаа во Киев среде ноќ
Украина прогласи воена состојба, многу градови се нападнати
Русите ја зазедоа нуклеарната централа во Чернобил и ги заробија работниците
Украина соопшти дека во нападите загинале 137 луѓе, а повеќе од 300 биле ранети. Ова ги вклучува војниците и цивилите
Западните земји воведоа санкции за најголемите руски банки, вклучувајќи ги ВТБ и Сбербанк, сопственици на Фортен. ЕУ објави 5 санкции воведени кон Москва
Во Украина е најавена мобилизација, мажите на возраст од 18 до 60 години не смеат да ја напуштат земјата
Зеленски тврди дека руски диверзантски групи влегле во Киев околу полноќ. Украинските власти соопштија дека големи групи руски сили се на пат кон градот
Речиси 100.000 Украинци ги напуштија своите домови, илјадници од нив побегнаа во странство
Зеленски: Сами ја браниме нашата земја
Зеленски во своето обраќање утринава уште еднаш ги повика западните сили.
- И утрово сами си ја браниме државата. Како и вчера, најмоќните светски сили гледаат оддалеку, рече Зеленски утрово во своето обраќање до нацијата.
Украинците соборија руски авион, тој удри во зграда и го запали
Граничната станица во украинската област Запорожје била погодена од рекета, имало и човечки жртви, пренесе Ројтерс.
Покрај загинатите граничари, има и неколку ранети. Регионот, како што се вели, нема копнена граница со Русија, но се наоѓа на брегот на Азовското Море. Нападот се случил во 4.25 часот по локално време.
Ракетите го погодија аеродромот Ривне и граничната станица и Запорожје
Руска ракета ја погоди територијата на аеродромот Ривне, но не е причинета сериозна штета, изјави градоначалникот.
Ракета ја погоди и граничната станица во украинскиот регион Запорожје и има мртви, јавува Ројтерс. Нападот се случил во 4.25 часот по локално време.
