Економија, финансии, бизнис

Контакт

Bitcoin доби статус на вештачки пари

Bitcoin доби статус на вештачки пари

Популарната виртуелна валута Bitcoin (Биткоин) Германското министерство за финансии и додели статус на вештачки пари.

Според правната дефиниција, Биткоин во Германија е сместен во категоријата со регионални валути и пари во забавните паркови, така што доби статус на нешто што е потполно безвредно од игрите кои никој не ги признава и правите валути како што е еврото, пренесува порталот „bug.hr“.

Овој извештај е само потврда на претходната одлука на германската федерална агенција БаФин која го надгледува целокупниот финансиски промет во оваа држава.

Ознаката за вештачка пара на биткоинот значи дека е подложна на оданочување на комерцијални трансакции, а приватните трансакции помеѓу поединците не се подложни на оданочување.

За обавување услуги за размена на Биткоин валутата потребно е да се побара дозвола од БаФин, а кога ќе се добие лиценцата, според законите може да разменува оваа валута на цела територија на ЕУ.

Во САД, покрај федералната дозвола, потребни се и дополнителни поединечни дозволи од секоја сојузна држава за размена на Биткоин валутата.

Во Германија, лиценца за таа услуга побара и германската банка „Fidor Bank“.

Слично

Поврзани вести