Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнис империјата на Ворен Бафет со профит од 14,8 милијарди долари

Бизнис империјата на Ворен Бафет со профит од 14,8 милијарди долари
Нето добивка за минатата година на американскиот инвестиционен конгломерат „Berkshire Hathaway“, на располагање за распределба меѓу акционерите ги зголеми средствата за 45% во споредба со 2011 година (кога имаше 10.25 милијарди долари). Бизнис империјата, основана од познатиот милијардер Ворен Бафет, има чиста добивка за 2012 година од 14.82 милијарди долари. Финансиските извештаи на компанијата покажаа дека оперативната добивка за 2012 година се зголемила за 17% до 12.6 милијарди долари. „Berkshire Hathaway“ е инвестиционен конгломерат кој вклучува финансиски, осигурителни, производни, енергетски и транспортни активности. Корпорацијата има значајни интереси во повеќе познати компании како Кока Кола, Американ Експрес, Проктер&Гембл и други.
Слично

Поврзани вести