Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бискупите го одбија предлогот на папата за геј лицата

Бискупите го одбија предлогот на папата за геј лицата

Католичките бискупи не го прифатиле подготвениот извештај во кој е завземен нов, позитивен став кон хомосексуалците, искажувајќи длабока поделеност по тоа прашање на крајот на двонедениот синод за семејства, пренесуваат агенциите.

Бискупите одлучиле, наместо, како што е наведено во нацрт извештајот, геј лицата да се сметаат за поединци кои имаат подароци кои можат да и ги понудат на црквата, пред хомосексуалноста да се означат како еден од проблемите на католичките семејства со кои мора да се соочуваат.

Во ревидентираниот параграф се вели дека „луѓето со хомосексуални тенденции мора да бидат поздравени со почитување и нежност“, но се повторува дека црквата учи на заедница искучиво помеѓу маж и жена.

За усвојување на првобитниот текст на парагрфаот од подготвениот извештај објавен во понеделникот на 14 октомври, меѓутоа, не постоеше двоетретинско мнозинство за да се најде во завршната верзја на извештајот.

Слично

Поврзани вести