Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИОНТЕК ПРЕДУПРЕДИ - ако втората доза на вакцината се одложи повеќе од три недели, ефективноста ќе биде под прашање

БИОНТЕК ПРЕДУПРЕДИ - ако втората доза на вакцината се одложи повеќе од три недели, ефективноста ќе биде под прашање

Германската лабораторија BioNTech предупреди дека не може да гарантира максимална ефикасност на нејзината вакцина против ковид-19, ако втората доза се одложи и временскиот интервал помеѓу две инјекции е подолг од пропишаните три недели, јавува Индекс.хр.

BioNTech посочува дека нема податоци што би ги поддржале плановите на некои земји да ја преместат употребата на втората доза за да опфатат поголем број луѓе со ограничени резерви на вакцини.

Велика Британија предизвика контроверзии оваа недела објавувајќи дека планира да го одложи давањето на втората доза на вакцина до 12 недели за да им се даде на повеќе луѓе заштитата дадена од првата доза, а сега Германија ја разгледува можноста.

Двете земји се загрижени за нов, повирулентен вид на коронавирус што се појави во Англија и веќе се прошири во другите европски земји.

„Ефикасноста и безбедноста на вакцината е тестирана во клинички испитувања со администрирање на две дози и дека интервалот меѓу нив мора да биде 21 ден“, рече БиоНТех.

Слично

Поврзани вести