Биологот Пол Ерлих: На човештвото му се заканува пропаст
Пред половина век, контраверзната книга „Популациона бомба“, отвори дебата за негативното влијание на пренаселеноста на планетата Земја. Негов автор е познатиот биолог Пол Ерлих.
Според билогот Пол Ерлих, на човештвото му се заканува „извесна“ пропаст, сето тоа како резултат на пренаселеноста и претераната употреба на ресурси, пренесува „Гардијан“.
За биологот, човештвото го уништило природниот свет кој го одржува животот на Земјата. Тој алудира дека доколку сакаме спас, потребна е прераспределба на богатството. Биологот смета дека оптимален број на жители на Земјата би требало да биде помалку од 2 милијарди, што е за 5,6 милијарди помалку од моменталниот број на луѓе. За него поопасно од климатските промени е хемиското загадување на планетата со синтетички хемикалии.
Тој смета дека богаташите што управуваат со светот и што секоја година се состануваат во Давос нема да прифатат промена, односно прераспределба на богатството.
Тој напоменува дека иако има многу работи во неговата книга кои не се точни сепак суштината е таа и ја отсликува вистината.
Според него потребно е освестување, поголеми права за жените како достапност до контрацептивни средства и абортус, исто така жените да добијат еднакви права и можности како и мажите.
