Билд: Ако Путин прв се сретне со Ердоган по пучот, тоа ќе биде срам за Европа
Поранешниот шведски шеф на дипломатијата, Карл Билд ја критикуваше ЕУ поради нејзиниот однос кон обидот за воен удар во Турција од 15 јули.
Наместо веднаш да отпатуваат во Турција, европските лидери почнале да ги доведуваат во прашање мерките што ги преземаат турските власти по обидот за пуч. „Доколку рускиот претседател Владимир Путин биде првиот странски лидер што ќе се сретне со Ердоган по пучот, тоа ќе биде голем срам за Европа“ - пишува Билд. Анкара и Москва веќе најавија дека Ердоган и Путин ќе се сретнат на 9 месецов во Санкт Петербург.Тој ги повика европските лидери да застанат зад турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
„Брисел спие или едноставно сè уште не е освестен„ - пишува Билд во својата статија во американскиот магазин „Политико“, насловена „Европо, застани зад Ердоган“.
Додава дека ако воениот удар во Турција завршеше со соборување на Ердоган од власт, тоа најверојатно ќе предизвикаше граѓанска војна во Турција.
„Во таков случај заедно со два милиони Сиријци, уште неколку милиони Турци ќе се обидеа да побегнат од насилството, хаосот и смртта, упатувајќи се кон Европа“- забележува Билд во статијата.
Тој во статијата бара поддршка за Ердоган.
