Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЛА ПРЕМНОГУ СОВЕТСКА: Земја сојузник на Русија ја менува химната

БИЛА ПРЕМНОГУ СОВЕТСКА: Земја сојузник на Русија ја менува химната

Затоа што била премногу советска, Киргистан ќе ја смени својата химна. 

Киргистан денеска објави дека ќе ја смени химната бидејќи ја смета за премногу советска. Ова е уште една од низата мерки преземени со цел промена на државните симболи и зајакнување на националниот идентитет на оваа земја во Централна Азија и сојузник на Русија.

Новоформираната собраниска комисија е задолжена за промена на националната химна, јавува агенцијата Кабар.

Сегашната химна, усвоена по падот на СССР во 1991 година, е идентична со советската химна и застарена, бидејќи, како што тврди претседателот Садир Џапаров, само ја слави независноста, а Киргистан е земја со историја стара 5.000 години.

Џапаров затоа есенва побара „да се напише химна која ќе ги инспирира младите и идните генерации“.

Претседателот на Собранието Нурлан Чакиев рече дека новата химна ќе биде готова до април и ќе биде лесна за пеење за сите на возраст од пет до 95 години.

Во земја каде што рускиот сè уште е официјален јазик, посилно се промовира киргистанскиот јазик.

Овие мерки се посериозно започнати по руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Лани го сменија и знамето на кое сега има жолто сонце со стилизиран приказ на јурта на црвена заднина.

foto Wikipedia/Hunne

Слично

Поврзани вести