Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бил Грос: Невработеноста во САД од 7,9% ќе мора да се намали

Бил Грос: Невработеноста во САД од 7,9% ќе мора да се намали
Ниво на невработеност од 7,9% е неприфатливо за претседателот на Федералните Резерви на Сад, Бен Бернанке, смета главниот извршен директор на ПИМЦО. Бил Грос, главниот директор на најголемиот фонд за трговија со обврзници во светот „ПИМЦО“ е оптимист за движењата на цените на обврзниците што ќе се случат поради новиот извештајот за работните места во САД за јануари, соопшти „MarketWatch“, цитирајќи дел од негово интервју за Блумберг. Извештајот обезбедува неспорен простор за намалување на предниот крај од кривата на приходите, рече Грос. Профитабилноста на обврзниците и нивната цена пак се во обратнопропорционална зависност. Според него, извештајот обезбедува на пазарот со обврзници „извесен период на одмор" од распродажбите кои таму се случија во последно време. Профитабилноста на референтните 10-годишни американски обврзници се намали до 1,95% вчера, откако во неделата се држеше над 2%, а двегодишните обврзници достигнаа до 0.26%. Грос смета дека нивото на невработеност од 7,9%, наведено во петочниот извештај е неприфатливо за претседателот на американските Федерални резерви Бен Бернанке, а реалниот бруто домашен производ едвај ќе стигне за поддршка на растот на работните места и за зголемување на профитот на компаниите. Во декември од ФЕД најавија дека ќе продолжат со програмата за откуп на обврзници, додека невработеноста во САД не падне до 6,5 проценти.
Слично

Поврзани вести